Примена на фискални каси и фискални принтери

 

Фискалните каси со вграден ГПРС терминал се произведени по барањата поставени во новиот закон за фискални уреди на Република Македонија. Употребата на фискални уреди е задолжителна за сите објекти во кои се вршат плаќања во готово и со картичка.

Фискалните апарати се уреди кои можат да работат самостојно или со поврзување со PC, како втората опција тие работат во режим "Фискален принтер" и се управувани од комерцијален софтвер. Касите имаат опција за програмирање на артикли и одделенија, што ги прави практични за примена и во помали објекти, во кои нема воспоставено фискален систем. Освен тоа во фискалните уреди има можност запрограмирање на пристап на оператор, што е поврзано со индивидуални лозинки. Ова ги прави фискалните каси сигурни и удобни. 

Фискалните печатари се уреди во кои има вграден ГПРС модем и фискална меморија. Нивната намена е за употреба во објекти каде што е потребна брзина. Тие се управувани од страна на специјализирани програми за продажба. Нивната  предност е брзото печатење, одржлив печатен уред, неможност за манипулација од оператор. Фискалните принтери се поврзуваат преку USB, што ги прави достапни за секој компјутер или лаптоп.

Фискалните уреди се опремени со систем за лесно полнење на хартија, за да се оптимизира работата на операторите.

 

 

Најчесто поставувани прашања

 

 1.      Какви фискални апарати продавате?

 Фидитек нуди најголем избор на модерни фискални апарати - мобилни фискални каси, стационарни фискални каси и фискални принтери. Кај нас ќе најдете најсоодветно решение за вашиот бизнис. За таа цел на нашиот сајт проверете ги деталните описи на производите и за какви објекти е најдобро да се користат.

 

 2.      Правите ли надградба на стари каси?

 Не, не правиме и не препорачуваме. Не сакаме да ги принудуваме нашите клиенти да плаќаат за доработка онолку колку што ќе ги чини нова и модерна каса. Не ја  сметаме за добра практиката нашите клиенти да плаќаат за да работат со стар и амортизиран хардвер, да имаат каса, која при доработка ќе биде со надворешна антена, исклучително непрактична при работа во објект со продажба и клиенти. Новите модели се со вградени антени и криптомодули, имаат ергономски дизајн и подолга гаранција.

 

 3.      Дали треба заедно со новата каса да го сменам и софтверот?

 Не, не треба. Фискалните апарати кои се продаваат во Фидитек, се компатибилни со сите комерцијални софтвери. Ако имате дополнителни прашања, можете да ни се обратите за помош.

 

 4.      Купив нова каса, кога ќе биде подготвена за работа?

За 5 работни дена ако е купена по редовна цена.

 

 5.      Што ви е потребно за фискализација?

 Потребна ни е тековна состојба која нема да биде постара од 6 месеци.Може да ни ја испратите по електронска пошта на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или да ни донесете копија.

 

6.      Лесно ли се работи со касите кои ни ги нудите?

Фискалните каси понудени од Фидитек, имаат голем графички дисплеј со позадинско осветлување, големи копчиња, систем за брза промена на хартиja - едноставно. Се одликуваат со висока брзина на печатење при работа со апликативна програма (режим Фискален печатач).

 

 7.       Со што ширината на ролната на хартијата и брзината на печатење го олеснуваат мојот бизнис?

 При натоварени објекти брзината на печатење е од суштинско значење. Ќе служат клиенти брзо и квалитетно. Ширината на ролната овозможува прикажување на повеќе информации за производите.

 

 8.      Какво значење има брзината на печатење кај принтерите?

 Печатачките механизми на принтерите се специјално приспособени да можат да издржат високо оптоварување. Тоа е и причината фискалните принтери да се користат главно во објекти (супермаркети, големи продавници), каде што има голем број на клиенти и многу артикли во една продажба. Брзината на услугата е важна, како за клиентите, така и за продавачите. Високата брзина на печатење на принтерите обезбедува практичност и смиреност при работа.

 

 9.      Која е разликата помеѓу старите и новите модели на принтери?

 Цената за надградба на стар принтер е речиси иста како при купување на нов, во исто време хардверот, особено печатениот механизам на доградениот уред е амортизиран. Гаранцијата при надградување на стар уред е помала. Надградениот уред има надворешна антена, која не е практична при работа во објект со висока продажба и многу клиенти. Новите модели се со вградени антени и криптомодули. Компактната големина на новите модели е едно од нивните најголеми предности. Функционалноста на новите фискални уреди е подобрена, наспроти онаа на старите. Пример за тоа е поставувањето на хартиената ролна, што кај старите исклучително многу го забавува операторот, додека кај новите се користи технологијата easy paper load. Модерниот дизајн на новите фискални принтери одговара на ентериерот на секој објект за разлика од оној на старите модели кои оставаат лош впечаток кај клиентите.

 

10. Со што моделите FX 1200 и FX 1300 се подобри од останатите принтери на пазарот?

Овие два модели се карактеризираат со висока брзина на печатење и исклучителна брзина при работа со апликативна програма, имаат LED индикација, автоматски нож, а исто така и поголем износ на резерви. Печатачкиот механизам е направен од високо квалитетни материјали и нова технологија, кои му обезбедуваат долг живот.

 

 11.  Какво значење има работниот опсег на адаптерот за добрата работа на мојата каса/принтер?

Работниот опсег на адаптерот овозможува поголема толеранција на напонот од мрежата. Тоа го чува уредот при пад во електричната енергија  и практично го продолжува животот на вашата каса / печатач. Со ова секогаш имате фискален апарат со кој ќе можете да ги опслужите Вашите клиенти.

 

12.  Како температурниот опсег во чии што размери може да работи касата влијае на работата на фискалниот апарат?

 Производителот гарантира дека во посочениот температурен опсег, уредот ќе ја задржи својата работоспособност. Надвор од наведените температурни рамки постои веројатност да се оштетат компонентите на уредот, на пр. поцрнување на дисплејот при повисока од укажаната температура или неповратна контракција на кристалите при пониска од укажаната температура. Температурата влијае и на капацитетот на батеријата.

 

 13.  Со какви батерии работат  апаратите кои вие ги предложувате и каков е нивниот век на траење?

Во компаративната табела се наведени батериите со кои работат апаратите понудени од Фидитек. NiMH батерии (Северец,Алфа,Expert SX, Perfect M) се најотпорни на промена на температурата, нивниот капацитет се задржува и кај ниски температури до -20°C. Li-Ion (Perfect S, принтери FX 1300, FX 1200) го задржуваат својот капацитет до - 10°C, додека Li-Polymer батериите се користат кај Вардарец и Развигорец. Стандардниот век на батериите е 500 циклуси на полнење и празнење.

 

 14.  Дали вие нудите трговска програма?

 Да. Програмата која ние ја нудиме е web-базирана и е прилагодена за работа во различни комерцијални објекти како продавници, ресторани, магацини, канцеларии, книжарници и други.

За изградба на фискален систем не е потребно да купите нов и скап компјутер. Можете да го користите вашиот стар компјутер. Единствено што е потребно да имате, е интернет во објектот. Придобивките се очигледни:

1. Не плаќате скапа лиценца;

2. Можете да ја отплатите прогарамата на месечни рати;

3. Обезбедуваме поддршка во секое време

Купувањето на постпејд програма е флексибилно решение, како за нов бизнис, така и за постојано растечки. Имате администраторски пристап во секое време, за да можете да ги пратите вашите трговски објекти од секоја точка на светот.